Лига Куп

Тотнем го победи Челси на пенали за пласман во следната рунда од Лига Купот (ВИДЕО)

Тотнем преку пеналите го победи Челси за пласман меѓу осумте најдобро во Лига Купот, натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1. 

Челси одлично го почна мечот, Вернер уште во 19. минута со убав шут од далечина погоди за водство од 1-0.
 
Тотнем во затворена формација го почна мечот, но откако го прими голот тргна офанзивно по израмнување.
 
Жедсон Фернандеш во 23. минута излезе сам пред новиот голман на Челси, Менди, но во последен момент Зума интервенираше и не му дозволи да шутне. Брзо потоа се обиде и Ламела, но и неговиот удар беше одбранет.
 
Тотнем особено офанзивно тргна со почетокот на второто полувреме, во 50. минута дебитантот Регилон биеше силно, но Менди го одбрани и неговиот удар.
 
Челси од контра напади имаше шанси предвреме да го реши мечот, но откако не успеа да го стори тоа, се случи израмнување.
 
Во 83. минута Регилон нафрли, топката дојде до Ерик Ламела кој ја смести во мрежата на Менди за 1-1, тоа беше и конечниот резултат.
 
Во пенал серијата Тотнем беше перфектен, погодија Даер, Ламела, Хојберг, Лукас и Кејн, за Челси во последната серија промаши Маунт, ја погоди стативата од надворешната страна, пред него погодија Абрахам, Асипиликуета, Жоргињо и Емерсон.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе