„Спарси“ реализираа два од трите трансфери за кои се шпекулираше

Тотнем го купи Сесењон и го позајми Ло Селсо со зделка која ретко се гледа

Тотнем по истекот на преодниот рокот во Англија потврди два трансфери, „спарси" го купија Рајан Сесењон од Фулам и го позајмица Џовани Ло Селсо од Бетис.

Тотнем реализираше два од трите најавени трансфери за последниот ден од преодниот рок. „Спарси“ извисија за Пауло Дибала но го купија Рајан Сесењон од Фулам и Џовани Ло Селсо од Бетис.

За медиумите интересен е начинот на кој Аргентинецот заврши во Северен Лондон, зделката каква што направија Бетис и Тотнем ретко се гледа.

„Спарси“ ќе платат 16 милиони евра за позајмицата, плус уште додатни 4 милиони евра во зависност од перформансите на играчот и успесите кои ќе бидат забележани.

Тотнем исто така ќе има и опција, која ќе стане обврзувачка во случај на пласман во Лигата на шампионите, за 41 милиони евра да го направи трансферот перманентен, но оваа сума е доволна само за 80% од играчот.

За останатите 20% ќе треба да се платат уште серија бонуси од десетина милиони евра, кои доколку не се исполнат, Бетис ќе го задржи процентот од сопственоста на фудбалерот од средниот ред.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе