Премиерлига

Тотнем го доби дербито со Манчестер јунајтед, Борнмут го понижи Челси (ВИДЕО)

Тотнем со 2-0 лесно го победи Манчестер јунајтед во дербито на колото од Премиерлигата, Челси на свој терен доживеа шокантен пораз од Борнмут со убедливи 3-0, Сити беше сигурен против ВБА. 

Натпреварот на Вембли тргна неверојатно, уште во 11. секунда Ериксен постигна гол за водство на Тотнем од 1-0, тоа беше вториот најбрз гол во историјата на Премиерлигата.
 
Во 28. минута Џонс си постигна автогол за предност на домаќините од 2-0, а тоа се покажа и како конечен резултат.
 
Манчестер јунајтед одигра лош меч, по вториот примен гол беа поблиску да примат и трет отколку да се вратат во мечот. Тотнем сосема заслужено дојде до трите бода.
 
Огромно изненадување се случи на Стемфорд Бриџ каде шампионот загуби од Борнмут со убедливи 3-0.
 
Натпреварот беше решен за само 16 минута. Во 51. Вилсон погоди за 0-1, во 64. Санислас реализираше за 0-2, а конечните 0-3 беа дело на поранешниот играч на Челси, Аке во 67. минута.
 
Манчестер Сити со головите на Фенрнадињо, Де Брујн и Агуеро го победи тимот на ВБА со 3-0.
 
Фантастично деби имаше Тео Волкот во дресот на Евертон, во првото полувреме постигна два гола, а неговиот тим го победи Лестер со 2-1. Погодокот за лисиците беше дело на Варди од пенал.
 
Во преостанатите три натпревари немаше победник, Њукасл и Барнли одиграа 1-1, со ист резултат заврши мечот помеѓу Саутемптон и Брајтон, а немаше голови на дуелот помеѓу Стоук и Ватфорд.
 

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе