Премиерлига

Тотнем ги освои трите бода кај Шефилд, прекрасен гол на Ндомбеле (ВИДЕО)

Тимот на Жозе Мурињо издвојува лесна победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед од 3-1 и си искачи на четвртото место на табелата. 

Тотнем рутински си ја заврши работата кај фенерџијата Шефилд јунајтед. Домаќинот се обидуваше да пружи отпор, но Спарс го имаа мечот под целосна контрола.
 
Натпреварот беше отворен уште во петтата минута кога по центаршут на Сон од корнер, Орие погоди со глава за водство од 1-0.
 
На пет минути до крајот, Хари Кејн реализираше за зголемување на предноста на Тотнем на 2-0.
 
Во 59. минута Мекголдрик даде гол со глава и го врати Шефилд јунајтед во игра, но само три минути подоцна Ндомбеле постигна прекрасен гол за конечни 3-1.
Со овие три бода Тотнем се искачи на четвртото место на табелата од кое може да биде симнат од таму до крајот на колото.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе