Карабао Куп

Тотнем е првиот финалист во Карабао купот (ВИДЕО)

Тотнем со 2-0 го победи Брентфорд во првото полуфинале од Карабао купот, Жозе Мурињо е на еден меч до првиот трофеј со Спарс. 

Тотнем ја оправда улогата на фаворит против Брентфорд, победи и се пласираше во финалето од Карабао купот.
 
Мечот беше рано отворен, по убав центаршут на Регилон, Сисоко погоди со глава за водство од 1-0.
 
Во продолжението Тотнем можеше да го зголеми водството, но имаше и периоди кога Брентфорд беше многу блиску до израмнување.
 
Гостите во 63. минута постигнаа и гол, но погодокот беше поништен со ВАР поради офсајд.
 
Седум минути подоцна Сон по асистенција на Ндомбеле постигна гол за 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.
 
Во 84. минута Брентфорд остана и со фудбалер помалку поради црвен картон на Дасилва по еден остар старт врз Хојбјерг.
 
Во финалето Тотнем ќе игра против Манчестер, а утре ќе дознае дали тоа ќе биде Сити или Јунајтед.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе