ФА Куп

Тотнем добро се испоти, но на крајот убедливо го победи Викомб (ВИДЕО)

Тотнем со 4-1 славеше на гостувањето кај Викомб и се пласира во следното коло од ФА Купот, но до 86. минута резултатот беше 1-1. 

Резултатот дава слика дека ова беше лесна и рутинска победа на Тотнем, но тимот на Мурињо добро се намачи за да дојде до победата.
 
Викомб поведе со 25. минута со гол на Онјединма, Герет Бејл во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1. Во првиот дел Тотнем двапати ја погодуваше пречката.
 
Нерешениот резултат беше актуелен се до 86. минута кога Хари Винкс погоди за комплетен пресврт и водство на Тотнем од 2-1.
 
Следната минута Ндомбеле зголеми на 3-1, а тој постигна и уште еден гол во судиското продолжение за конечни 4-1.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе