Легендата на „Волчицата“ проговори за моментот кога ги загуби нервите

Тоти по осум години си ја отвори душата: Намерно го удрив Балотели, му го собирав со месеци (ВИДЕО)

Иконата на Рома, Франческо Тоти прогори за инцидентот од 2010 кога во финалето од Купот на Италија доби црвен картон поради тоа што го удри Марио Балотели.

Пред осум години, капитенот на „Волчицата“, Франческо Тоти ги загуби нервите и од зад грб стартуваше врз Марио Балотели во фианлето од Купот на Италија помеѓу Интер и Рома.

Напаѓачот во разговор за „Ла Република“ сега признава дека намерно го удрил популарниот „Супер Марио“, и тоа откако му го собирал со месеци.

„Балотели провоцираше повеќе од една година, ме навредуваше мене и навивачите на Рома. Му го собирав со месеци и на крајот експлодирав“ - вели Тоти.

„Тоа беше страшен фаул, намерно го удрив за да го повредам. Но се изненадив кога ниту еден играч на Интер не притрча за се расправа со мене. Кога тргнав да го напуштам теренот, Маикон дури и ми направи „да пукне“. Имав чуство дека Балотели ги иритирал и дел од своите соиграчи“.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе