Лига на шампиони

Топката за финалето на Лигата на шампионите ќе има натпис „мир“ (ФОТО+ВИДЕО)

Адидас ја промовираше топката за финалниот меч од Лигата на шампионите кој Ливерпул и Реал Мадрид ќе го играат во Париз. 

Поради војната во Украина, топката на финалето од Лигата на шампионите ќе биде со натпис „мир“. По натпреварот топката ќе биде понудена на аукција, а собраните средства ќе одат во хуманитарна акција за бегалците од Украина.
 
„Топката со која ќе се игра финалето од Лигата на шампионите по мечот ќе биде понудена на аукција, а целиот приход ќе оди во Високата комисија на ОН за бегалци (УНХЦР) за да се обезбеди заштита и помош на бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови“, се вели во соопштението на Адидас.
 
Финалето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра во сабота од 21 часот.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе