„Ѓаволите“ шокирани

Тоа е Премиерлига, фенерџијата Шефилд јунајтед го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд по 48 години! (ВИДЕО)

Често се вели дека во Премиерлигата нема слаби екипи, ова вечерва го потврди фенерџијата Шефилд јунајтед кој славеше со 1-2 на гостувањето кај Манчестер јунајтед и ја забележа првата победа на Олд Трафорд по 1973 година.

Иако е одиграна само половина од сезоната, многумина сметаат дека Шефилд јунајтед ќе испадне во втора лига, „сечилата“ првата победа ја забележаа дури во 18-коло и се заковани на дното.

Но вечерва избраниците на Вајлдер покажаа дека во Премиерлигата нема слаби екипи и со 1-2 го изненадија Манчестер јунајтед.

Брајан донесе водство во 23. минута откако одлично се снајде по еден корнер и најави дека фаворитот за титулата ќе има мака вечерва.

Мегваер во 64. минута, исто така од корнер, изедначи на 1-1 но наместо пресврт, следеше нов шок. Десет минути подоцна, одбраната на „ѓаволите“ беше неодлучна а Бурк со помош на Туанзебе го матираше Де Хеа за 1-2.

Избраниците на Солшер во финишот силно притиснаа, но не можеа да избегнат пораз па Шефилд јунајтед се радуваше на прва победа на Олд Трафорд по 48 години.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе