„Кариоките“ пред своите фанови летоска ќе атакуваат на нова титула

Тите го објави составот на Бразил за Копа Америка: Никогаш не ми било потешко, со денови не спиев (ФОТО)

Предводникот на „кариоките", Тите одбра 23-ца фудбалери за првенството на Јужна Америка, стратегот вели дека никогаш не му било тешко да го состави списокот.

Бразил од 14. јуни до 7. јули ќе биде домаќин на Копа Америка и селекторот Тите денеска ги откри адутите. Во неговиот состав има неколку изненадувања и две големи отсуства како Фабињо од Ливерпул и Лукас Мура, кој со хет-трик во Амстердам го однесе Тотнем во финале од Лигата на шампионите.

Токму Давид Нерес од Ајакс доби шанса во офанзивата, а по повеќе од една година во тимот се враќа Фернандињо, што значеше дека нема место за Фабињо.

„Никогаш не ми било потешко да го составам списокот. Со денови не спиев“ – вели Тите.

„Фабињо игра фантастично со месеци. Ми беше навистина тешко да изберам... Но имаше место само за двајца од Касемиро, Фернандињо и Фабињо. Сите тројца се одлични, боли што морам некого да изоставам но таква е мојата работа“.

Првата ѕвезда на „кариоките“, Нејмар го предводи списокот од 23 имиња на кој има дури 14 фудбалери кои минатото лето потфрлија на мундијалот во Русија.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе