Бенфика ја извести берзата за рекордната понуда

Тинејџерот Жоао Феликс влегува во топ 5 најскапи фудбалери, Атлетико понуди 126 милиони евра

19 годишниот Жоао Феликс е на чекор до рекорден трансфер во Атлетико Мадрид откако Бенфика соопшти дека пристигнала понуда вредна 126 милиони евра.

Жоао Феликс наскоро ќе испише историја, ќе влезе во топ 5 најскапи фудбалери во светот и ќе стане најскапиот Португалец. Тинејџерот ќе го надмине легендарниот Кристијано Роналдо и за 126 милиони евра ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Бенфика доцна вечерва ја извести берзата дека добила официјална понуда, и ова е прв чекор кон официјализирање на зделката.

„Орлите“ од Лисабон појаснуваат дека од понудената сума, 120 милиони (колку што изнесува откупната клаузула) се наменети за купување на 19 годишниот Жоао Феликс а 6 милиони евра за покривање на финансиските трошоци за зделката.

Се очекува во следните денови да бидат финализирани сите детали и Атлетико Мадрид да го потврди трансферот на перспективниот фудбалер.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе