Чуден избор на фудбалските љубители

Тимот на годината без најдобриот стрелец во 2017 и најскапиот играч во историјата

УЕФА го објави дрим тимот на годината во изборот на фудбалските љубители, во најдобрите 11 немаше место за првиот стрелец Хари Кејн и најскапиот играч во историјата, Нејмар

За тимот на годината беа поделени 8,8 милиони гласови од речиси 800.000 посетители на веб страната на УЕФА.

Шампионот на Европа и Шпанија сосема очекувано има најмногу преставници, но на големо изненадување во најдобрите 11 немаше место за Нејмар кој стана најскапиот играч во историјата откако ПСЖ за него плати 222 милиони евра. Фановите го игнорираа и Хари Кејн, кој 2017 ја заврши како најдобар стрелец во Европа со 56 погодоци.

Тимот на годината во избор на посетителите на УЕФА:

Голман: Буфон

Одбрана: Алвеш, Рамос, Кјелини, Марсело

Среден ред: Де Брујне, Крос, Модриќ, Азар

Напад: Меси, Роналдо

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе