АТП Мадрид

Тим се погрижи да нема меч меѓу Федерер и Ѓоковиќ во Мадрид

Роџер Федерер го загуби полуфиналниот меч против Доминик Тим со 2-1 во сетови и доживеа елиминација од Мастерсот во Мадрид.

Нема да гледаме полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во Мадрид, за тоа се погрижи Доминик Тим.
 
Федерер добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3.
 
Во вториот сет и двајцата ги добија своите сервиси, а во тајбрејкот Федерер пропушти две меч топки, Доминик Тим победи со 13-11 и израмни на 1-1 во сетови.
 
Во третиот решвачки сет, Доминик Тим направи два брејка, а загуби само еден свој сервис, го доби со 6-4 и се пласира во полуфинале.
 
Тим во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој без борба стигна до тој меч откако Чилиќ поради труење со храна се откажа.
 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе