Соопштение на ГФК Тиквеш

Тиквеш не прифаќа да го игра баражот во Скопје

Тиквеш реагира на одлуката на ФФМ да се промени местото на одигрување на баражот за место во ПМФЛ, тие велат дека нема да играат во Скопје. 

Мечот меѓу Тиквеш и Воска требаше да се игра во Прилеп, но неколку часа по ждрепката од ФФМ стигна информација дека локацијата е променета, дуелот ќе се игра во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“.
 
Од Тиквеш реагираат на ваквата одлука, тие сметаат дека таа е направена под притисок и немаат намера да играат во Скопје.
 
„Денеска во ФФМ се одржа ждрепката за баражите и на истата нашиот клуб ја доби Воска спорт за противник, меч кој од ФФМ беше закажан да се игра на стадионот 'Гоце Делчев' во Прилеп. Меѓутоа после неколку часови пристигна официјален мејл од страна на ФФМ дека овој меч од необјасниви причини ќе се одигра на Арената 'Тодор Проески' во Скопје.
 
Ние како клуб не прифаќаме промена на местото на одигрување на овој натпревар, зашто на денешниот состанок меѓу екипите и претставниците на ФФМ беше закажан овој меч да се игра во Прилеп и мислиме дека ФФМ под притисок ја смени одлуката за мечот да се игра во Скопје“, се вели во рекацијата на Тиквеш.
 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе