КАВАДАРЦИ ОСТАНУВА БЕЗ СВОЈАТА ГОРДОСТ

Тиквеш исклучен од Третата лига, клубот згаснува!

Поранешниот прволигаш Тиквеш од Кавадарци е избркан од Третата лига Југ со што на кавадаречкиот клуб му се заканува целосно згаснување од фудбалската карта на Македонија. А само пред дваесетина дена, на дербито со Вардар неготино, стадионот во Кавадарци беше полн како око, атмосфера како во Аргентина, иако стануваше збор за меч од Третата лига...

 

Тиквеш е исклучен од Третата лига поради тоа што екипата двапати по ред не ги одигра своите натпревари што според прозициите на ФФМ значи автоматско сиклучување од натпреварувањето.

А само пред неколку викенди, сликата за Тиквеш воопшто не беше таква. Кавадарчани стартуваа одлично, врзаа три победи по ред на стартот, но дојде дербито со Вардар од Неготино и поразот од 0-1 на домашен терен по што настанаа турбуленции. Фудбалерите се спречкаа со управата на клубот, стапија во бојкот, не отпатуваа на два меча – прво на дуелот со Млекар, а потоа и кај Младост Удово, со што автоматски му пресудија на клубот.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе