Најверните навивачи не се задоволни од однесувањето на Французинот

Тифозите на Фиорентина го нападнаа Рибери: И кај нас сиромашните влегуваат крадци, ама си молчимe

Најверните навивачи на Фиорентина го нападнаа Франк Рибери и му порачаа да не збори лоши работи за градот Фиренца откако фудбалерот се пожали дека не се чувствува безбеден.

Французинот беше прилично потресен во неделата вечерта, крадци му влегле дома, превртеле сè по собите, па тој имал што да види кога се вратил од гостувањето кај Парма.

Франк Рибери веднаш се огласи на социјалните мрежи и навести дека може да замине од Фиренца стравувајќи за безбедноста на неговата сопруга и деца.

„Му благодарам на Бог што мојата сопруга и моте деца беа безбедни во Минхен, но како сега можеме да имаме доверба на нашето опкружување? Дали можеме да се чувствуваме добро по она што се случи денеска? Нема потреба да бркам милиони, му благодарам на Бог што имам сè... ја бркам топката бидејќи тоа е мојата пасија. Но пасијата е во втор план кога се работи моето семејство, тоа секогаш е на првото место и ќе ги превземам сите неопходни чекор за нивната благосостојба“ – гласеше дел од пораката на социјалните мрежи.

Тој веднаш доби поддршка од сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо но одредени реченици не им се допаднаа на тифозите.

Најверните навивачи на Фиорентина го нападнаа Франк Рибери и му порачаа да не зборува лоши работи за градот Фиренца.

„Драг Франк Рибери, разбираме дека си потресен, но измиј си ја устата пред да почнеш да зборуваш така за Фиренца. Не е ова Медељин, знаеш...“ – стои во соопштението.

„Крадци им влегуваат дома на богатите секаде во светот, но тие имаат доволно пари да си дозволат скапи алармни системи и да ангажираат приватно обезбедување. Ако не си знааел, крадци ни влегуваат дома и на нас сиромашните, но ние сме како свети Лоренцо, го прифаќаме тоа и си молчиме“.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе