Копа Либертадорес

Тевез: Чудно е Ривер и Бока да играат во Мадрид, но мора да останеме фокусирани

Напаѓачот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез вели дека реваншот од финалето на Копа Либертадорес ќе биде чуден поради фактот што се игра на Сантијаго Бернабеу во Мадрид.

Во недела со почеток од 20:30 на Сантијаго Бернабеу ќе се одигра реваншот од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс.

До оваа ситуација дојде откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот со фудбалери на Бока по што тогаш мечот беше одложен, па беше одлучено средбата да се игра надвор од Аргентина.

„Ова е чудно финале. Да играте меч меѓу Бока и Ривер во Мадрид е чудно. Но како фудбалер важно е да останете фокусирани на мечот“, вели напаѓачот на Бока, Карлос Тевез.

Запрашан дали шансите на Ривер сега се помали бидејќи тие нема да играат на својот терен, Тевез одговори: „Не мислам така. Ривер има многу повеќе притисок кога игра дома, сега шансите се 50-50. Да играте дома, понекогаш не ви оди во прилог кога се работи за финале од Копа Либертадорес“.

Првиот натпревар меѓу Бока и Ривер заврши 2-2.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе