Трансферот на Македонецот во Истанбул пропадна во 5 до 12

Терим открива две причини поради кои Галатасарај не потпиша со Алиоски

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим откри зошто не дал зелено светло за ангажман на Езгјан Алиоски, вели дека Македонецот барал премногу пари, плус не се работело за класичен лев бек.

Пред две недели, голем број на извори од Турција пренесоа дека Езгјан Алиоски е пред трансфер во Галатасарај. Сепак, зделката пропадна во „пет до дванаесет“, Фатих Терим го стопирал пристигнувањето на Македонецот.

Тренерот на Галатасарај сега откри зошто се решил на еден ваков чекор. На прес конференцијата во пресрет на реваншот против ПСВ во квалификациите од Лигата на шампиони тој рече: „Алиоски побара 7,5 милиони евра за три години, плус не се работи за класичен лев бек, па секако дека одбив да го ангажираме“.

Езгјан Алиоски по неуспешните преговори со Галатасарај започна разговори со Ал Ахли од Саудиска Арабија и за кратко време договори соработка од две години вредна 5 милиони евра.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе