Барселона

Тер Штеген и Барселона конечно ги приближија ставовите, најдена е формула за нов договор

Според каталонските медиуми, Тер Штеген и Барселона се блиску до потпишување на нов договор, но иако има крупен напредок во преговорите потписите ќе бидат ставени по крајот на сезоната. 

Во изминатите години Тер Штеген се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот, тој изјави дека сака да остане уште долго во Барселона, а и Каталонците го сакаат истото.
 
Но преговорите меѓу двете страни за продолжување на соработката се одвиваа бавно. Каталонскиот весник „Спорт“ вели дека конечно Тер Штеген и Барселона се блиску до договор.
 
Договорот на Тер Штеген трае до 2022, преговорите се почнати од февруари оваа година, а се прогнозира дека ќе завршат во август. Но ситуацијата сега е поинаква од претходно, двете страни пронашле формула за приближување на ставовите.
 
Тер Штеген бараше значително зголемување на платата според која ќе биде еден од најплатените во тимот. Но поради кризата со коронавирус, планот на Барселона е да ги намали трошоците на плати.
 
Германскиот голман ја сфатил ситуацијата на Барселона па ќе биде потпишан договор според кој Тер Штеген во првата година нема да добие некое големо покачување, но неговата плата ќе се зголеми од втората година на договорот.
 
Голманот на долг рок ќе го добие посакуваното покачување, а Барселона нема да има екстра трошоци овој кризен период.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе