Напаѓачот повторно прави проблеми

Тензија во Бреша, Гросо го избркал Балотели од тренинг: Марио оди си!

Фабио Гросо на почетокот од овој месец седна на тренерското столче на Бреша и за кракто влезе во конфликт со Марио Балотели, напаѓачот бил избркан од денешниот тренинг.

Фабио Гросо неодамна седна на тренерското столче на Бреша и не му требаше многу време за да влезе во конфликт со Марио Балотели. Медиумите од Италија пишуваат за тензија на денешниот тренинг, стратегот предвреме го пратил напаѓачот во соблекувална, кој откако удрил туш, влегол во својот автомобил и си заминал дома додека другите се уште ги одработувале предвидените задачи.

Кружат различни стории за причините. Едни приказни велат дека Марио Балотели бил нервозен откако се спречкал со еден соиграч, а други велат дека Фабио Гросо не бил задоволен од залагањето на фудбалерот.

Тој сметал дека Марио Балотели делувал мрзливо на тренинг мечот, немало интензитет во неговите движења па затоа му порачал дека најдобро е да си оди. Портапролот на Бреша се обиде даја смири ситуацијата и истакна, „Балотели беше заменет од Гросо за време на тренинг мечот и предвреме се пресели во соблекувалната“.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе