Голманот не е прв избор во Париз

Тензија помеѓу Донарума и ПСЖ, Рајола е единствениот победник од трансферот

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Џиџо Донарума не е среќен во Париз, има тензија помеѓу голманот и ПСЖ и Мино Рајола е единствениот победник од трансферот.

Џиџо Донарума минатото лето го одбие предлогот на Милан за продолжување на соработката (годишна плата од 8 милиони евра) и се реши за авантура во ПСЖ.

Сепак, во Париз работите не одат според планот, Кејлор Навас е прв избор и Џиџо Донарума има ограничена минутажа.

Запрашан минатата недела за ривалството со Навас, Италијанецот рече: „Нема ефект врз моите перформанси но ме вознемирува. Не е лесно, бев навикнат секогаш да ги почнувам натпреварите и понекогаш ме боли што седам на клупата“.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, има тензија помеѓу Џиџо Донарума и ПСЖ, голманот очекувал да биде неприкосновен стартер во Париз, па не е среќен поради тоа што друг е број 1. Исто така му пречи тоа што голем дел од соблекувалната е на страната на Кејлорс Навас, особено фудбалерите од Јужна Америка и Серхио Рамос.

Весникот додава дека единствен победник од трансферот е Мино Рајола, кој си обезбедил убава провизија, а добро ќе се офајди и доколку треба на Џиџо Донарума да му најде нов клуб.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе