Клубот има јасен став

Тензија меѓу Мендеш и Јувентус, Роналдо не може да си замине беспари

Состанокот меѓу агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш и Јувентус поминал во тензична атмосфера, клубот има јасен став, Португалецот не може да си оди бесплатно. 

„Кориере дело Спорт“ пишува дека состанокот меѓу Мендеш и Јувентус се одвивал во тензична атмосфера.
 
Мендеш се обидува да му обезбеди трансфер на Роналдо во Манчестер Сити, но англискиот клуб не сака да плати обесштетување, сака да го земе беспари и му нуди двегодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона.
 
Од страната на Јувентус на состанокот биле Ромео Агрест, Павел Недвед, Маурицио Аривабене и Федерико Черубини тие биле вознемирени и разочарани од барањата на Мендеш, Роналдо да си замине бесплатно.
 
Ставот на Јувентус е јасен и му бил кажан на агентот, клубот не се противи на продажба на Роналдо, но сака обесштетување од најмалку 25 милиони евра.
 
Роналдо денеска нормално тренирал со останатите фудбалери за разлика од вчера кога поради повреда на раката предвреме го завршил тренингот.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе