Роналдо се уште не се појавил на подготовките на Манчестер јунајтед, официјално поради семејни причини, а неофицијално дека сака да си оди.
Силни се гласините кои велат дека Роналдо го известил клубот дека сака да си замине од Манчестер јунајтед, но Тен Хаг не знае ништо за тоа.
„Кристијано Роналдо не е на продажба, тој е во нашите планови, не е со нас поради семејни проблеми“, вели Тен Хаг.
„Роналдо е во нашите планови за новата сезона, среќен сум што ќе работам со него“.
„Пред овие проблеми да излезат, зборував со него, имавме добар разговор. Тој не ми кажа дека сака да си оди, тоа го прочитав од весници. Сакаме заедно да имаме успех“.