Манчестер јунајтед

Тен Хаг: Заминување на Роналдо? Тој е во моите планови за следната сезона

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека Кристијано Роналдо е во неговите планови за следната сезона и тој нема да биде продаден. 

Роналдо се уште не се појавил на подготовките на Манчестер јунајтед, официјално поради семејни причини, а неофицијално дека сака да си оди.
 
Силни се гласините кои велат дека Роналдо го известил клубот дека сака да си замине од Манчестер јунајтед, но Тен Хаг не знае ништо за тоа.
 
„Кристијано Роналдо не е на продажба, тој е во нашите планови, не е со нас поради семејни проблеми“, вели Тен Хаг.
 
„Роналдо е во нашите планови за новата сезона, среќен сум што ќе работам со него“.
 
„Пред овие проблеми да излезат, зборував со него, имавме добар разговор. Тој не ми кажа дека сака да си оди, тоа го прочитав од весници. Сакаме заедно да имаме успех“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе