Манчестер јунајтед со 2-0 го победи Тотнем, а Кристијано Роналдо некоја минута пред да заврши мечот замина лут во соблекувалната.
Португалецот остана на клупата за резерви, па очигледно беше нервозен за тоа, не се ни израдува на трите бода против ривалот.
„Не обрнувам внимание на тоа, ќе се справам утре со Роналдо. Сега треба да прославиме“, вели Тен Хаг, на прашањето за Кристијано.
„Одигравме фантастично, сите 11 фудбалери. Треба да се корегирам. Одлични беа и замените кои влегоа. Тоа беше тимска игра. Мислам дека видовме 11 фудбалери кои се бранат и 11 фудбалери кои напаѓаат. Задоволен сум“.