„Ѓаволите“ се во потрага на нов тренер и минатата недела имаа средба со Ерик тен Хаг, кој се посочува како фаворит за наследник на Оле Гунар Солшер.
Според Телеграф, стратегот сака во Манчестер јунајтед да пристигне во пакет со една ѕвезда на Ајакс, и да го донесе Антони на Олд Трафорд.
22 годишниот Бразилец има одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, се шпекулира дека Ливерпул, Баерн Минхен, Јувентус и Арсенал се подготвени летоска да испратат понуди за услугите на офанзивниот фудбалер.