Манчестер јунајтед синоќа беше понижен во градското дерби против Манчестер Сити, „ѓаволите“ губеа со 4-0 по првото полувреме, па под знак прашалник беа ставени одредени одлуки на Ерик тен Хаг.
Стратегот беше запрашан зошто Касемиро, за кого платија 60 милиони фунти, и понатаму седи на клупата за резерви.
„Само што го купивме, влеговме во победничка серија. Немам ништо против Касемиро, едноставно тимот играше навистина добро, Скот Мектоминеј прикажуваше одлични партии и влеговме во серија“ – објаснува Ерик тен Хаг.
Кристијано Роналдо повторно не беше стартер, за разлика од Касемиро, Португалецот остана на клупата и не доби шанса против Манчестер Сити.
„Не го ставив Роналдо во игра во тие околности во знак на почит кон него и неговата кариера. Исто така и на Марсијал му беа потребни минути“.