Манчестер јунајтед

Тен Хаг на денешниот тренинг ги терал играчите на Јунајтед да истрчаат 13,8 км, има причина за тоа

Манчестер јунајтед вчера беше понижен од Брентфорд откако загуби со 4-0, а играчите денеска наместо слободен ден имале тренинг.

Според  „Скај спортс“, Тен Хаг на денешниот тренинг побарал фудбалерите на Манчестер јунајтед да истрчаат 13,8 километри.

Фудбалерите на Брентфорд синоќа истрчаа 13,8 километри повеќе од играчите на Манчестер јунајтед. Токму затоа Тен Хаг ја одбрал оваа дистанца.

На вчерашниот натпревар фудбалерите на Брентфорд истрчале збирно 109,4км, додека на Манчестер јунајтед 95,6км.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе