„Ѓаволите“ биле вратени во реалноста по серијата победи

Тен Хаг: Им благодарам на Пеп и Сити за лекцијата која ни ја одржаа

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека „ѓаволите" се вратиле во реалноста со поразот од 6-3 во пресметката против Манчестер Сити и му се заблагодари на Пеп Гвардиола за лекцијата.

По лошиот старт, Манчестер јунајтед влезе во серија и нареди четири победи, но изминатиов викенд одново им се врати на поразите и беше декласиран во градското дерби против Манчестер Сити.

„Ќе има ваква моменти кога ќе направиме чекор наназад. Го победивме Арсенал, го победивме Ливерпул, но во неделата имавме лош ден. Сити беше подобар и мораме да го прифатиме тоа, но не смее да прифатиме колку лошо одигравме“ - вели тренерот на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг.

„Ни се зголеми самодовербата по победите над Арсенал и Ливерпул, но Манчестер Сити не врати во реалноста“.

„Па му благодарам на Пеп и Манчестер Сити за лекцијата. Треба да разбереме дека мораме многу подобро“.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе