Холанѓанецот летоска треба да се пресели на Бернабеу

Телеграф: Ван де Бек го засилува Реал, сè е договорено за трансфер во Мадрид

Според пишувањата на холандскиот весник Телеграф, сè е договорено за преселба на Дони ван де Бек во Реал Мадрид, трансферот треба да се реализира летоска и фалат само потписите на документите.

22 годишниот Дони ван де Бек треба да биде едно од првите засилувања за Зинедин Зидан за сезоната 2020/21.

Денешното издание на весникот Телеграф вели дека „кралевите“ од поодамна имаат постигнато согласност со играчот, а си имаат и подадено рака со Ајакс за зделка вредна 55 милиони евра.

Сè е договорено, фалат само потписите на документите и трансферот треба да се реализира летоска, односно на почетокот од јуни, секако под услов Реал Мадрид да не се предомисли во следните месеци.

Дони ван де Бек е на агендата на Реал Мадрид уште од минатото лето, талентираниот Холанѓанец беше план Б во случај „кралевите“ да не успеат да го ангажираат Пол Погба.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе