Премиерлига

„Театарот на соништата“ стана кошмар за Саутемптон, Манчестер Јунајтед победи со 9-0 (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со неверојатни 9-0 го победи Саутемптон и го изедначи рекордот во највисока победа во историјата на Премиерлигата. 

Само трипати во Премиерлигата се случило некој да победи со 9+ голови разлика, двапати жртва бил Саутемптон, а двапати во улога на победник бил Јунајтед.
 
Претходно, во 1995 година Манчестер јунајтед го победи Ипсвич со 9-0, во 2019 година Саутемптон со тој резултат загуби од Лестер.
 
Саутемптон на Олд Трафорд пристигна со преполовен тим, а дека го чека кошмарна вечер беше најавено уште во втората минута кога останаа со играч помалку поради црвен картон на Јанкевич.
 
Серијата погодоци почна во 18. минута кога Ван Бисака погоди за водство од 1-0, седум минути подоцна Рашфрод зголеми на 2-0, а во 34. минута по негова асистенција Бендарек си постигна автогол за 3-0.
 
На пет минути пред крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Кавани, со 4-0 се замина на одморот.
 
Во 53. минута Саутемптон постигна гол преку Адамс, но погодокот беше поништен поради мал офсајд.
 
Во 69. минута Марсијал зголеми и на 5-0, а само две минути подоцна Мектоминеј го постигна голот шест оваа вечер за Јунајтед.
 
Во 86. минута Бендарек направи прекршок за пенал, по прегледувањето на ВАР доби и црвен картон, па Саутемптон мечот го заврши со девет фудбалери.
 
Бруно Фернандеш погоди од белата точка за 7-0, а до крајот на мечот реализираа и Марсијал и Џејмс за конечен резултат од 9-0.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе