Знаеле дека нема да дојде, но...

Таткото на Нејмар се чуди на соопштението на ПСЖ

Нејмар и ПСЖ се скараа, францускиот клуб со соопштение го потврди отсуството на Бразилецот, а потоа се јави и неговиот татко.

Нејмар денеска не се појави на стартот на подготовките на ПСЖ, а францускиот клуб со соопштение го потенцираше тоа.
 
„Овој понеделник, 8. јули, Нејмар требаше да се врати за стартот на подготовките за новата сезона. Напаѓачот сепак не се појави на договореното место и време и тоа без дозвола од клубот. ПСЖ жали за ваквата ситуација и ќе превзеде соодветни чекори“ – гласеше известувањето.
 
Брзо потоа таткото на Нејмар излезе со изјава во која тврди дека ПСЖ биле информирани за отсуството на неговиот син. 
 
„Имавме комерцијални и институционални активности, институцијата Нејмар го прави тоа пет години по ред во овој период. ПСЖ, со присуство на претседателот Насер Ал Келаифи, дури и партиципираше во овие работи“, вели таткото на Нејмар.
 
„Не ја разбирам причината за нивното соопштение. Лути сме, но ПСЖ знаеше за ситуацијата“.
 
Настанот на кој треба да се појави Нејмар е на 12 и 13 јули во Бразил, спонзориран од Ред Бул.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе