„Нероаѕурите“ продолжуваат да сонуваат

Таткото на Меси во Милано, газдите на Интер бараат спонзори во Кина за ангажман на Аргентинецот

Таткото на Лео Меси е во Милано па медиумите повторно ги актуелизираат гласините за преселба на Аргентинецот во Интер, се говори дека Сунинг бара спонзори во Кина кои ќе помогнат за реализирање на трансферот.

И покрај тоа што „нероаѕурите“ во неколу наврати порачаа дека нема шанси да го ангажираат Лео Меси, медиумите продолжуваат да шпекулираат на оваа тема.

Неговиот татко е во Милано, целата документација е комплетирана, процесот е завршен и тој сега е сопственик на куќа во градот на модата. Објектот се наоѓа на Виа Џо Коломбо, многу блиску до канцелариите на Интер.

„Таткото на Меси сега е сопственик на куќа во Милано со поглед кон... Интер“ – пишува Газета дело Спорт.

Весникот додава дека и покрај сите деманти од страна на Бепе Марота, газдите на Интер активно работат на сонот. Сунинг прави анализи, ги пресметува трошоците на една ваква мега зделка, но и економските придобивки од ангажман на најдобриот фудбалер во светот.

Исто така, семејството Жанг и луѓе блиску до нив се во потрага на спонзори во Кина кои ќе помогнат за реализирање на трансферот.

Неодамна се пишуваше дека само за плата ќе бидат потребни 260 милиони евра, односно четиригодишен договор и нето плата од 50 милиони евра по сезона.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе