Фудбалерот на Реал има проблеми во Србија

Таткото на Лука Јовиќ се заканува: Ако јас почнам да зборувам, многу луѓе ќе завршат во затвор!

Таткото на Лука Јовиќ се воздржа да ги коментира написите дека неговиот син ќе треба да помине шест месеци во затвор, вели дека ако тој почне да зборува, многу луѓе ќе завршат зад решетки.

Медиумите од Србија синоќа објавија дека обвинителството ќе бара затворска казна за Лука Јовиќ поради прекршување на правилата за карантин. Се говори дека на фудбалерот на Реал Мадрид му били понудено да плати 30.000 евра во добротворни цели, но откако тој одбил да го стори тоа, била поднесена кривична пријава.

Новинарите од „Новости“ побарале коментар од таткото на Лука Јовиќ, кој се воздржал и кратко порачал: „Нема да дадам изјава, ако јас почнам да зборувам, многу луѓе ќе завршат таму каде што сакате да го сместите Лука – во затвор“.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе