Првиот човек на Барса го налутил Аргентинецот

Таткото на Лео Меси му се јавил на Лапорта и побарал една работа

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека таткото на Лео Меси му се јавил на Жоан Лапорта и го замoлил претседателот на Барселона да престане да зборува за Аргентинецот.

На Лео Меси му е преку глава од Жоан Лапорта и тоа што претседателот на Барселона речиси во секое интервју говори за Аргентинецот.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, таткото на Лео Меси пред два месеци му се јавил на Жоан Лапорта и на убав начин го замолил да престане да зборува за напаѓачот.

Но првиот човек на „каталонците“ продолжил да си тера по свое, и последните изјави дадени оваа недела, ги налутило фудбалерот и луѓето кои се грижат за неговата кариера.

„Меси замина на начинот на кој замина. Сите сакавме тој да ја заврши кариерата во Барселона, но поради одредени причини не можеше тоа да се случи. Не се случи поради финансискиот фер-плеј на Ла Лига и поради парите кои му ги понуди ПСЖ. Доколку еден ден се врати, тоа ќе мора да биде беспари, не можеме и не сакаме да плаќаме високи трансфер суми. Но кога фудбалерите ќе потпишат за ПСЖ, за брзо време разбираат дека никогаш не можат да заминат“ – рече Лапорта оваа недела.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе