На покана на Солшер

Тајсон Фјури ќе им држи говор на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солшер го поканил Тајсон Фјури да им одржи говор на фудбалерите на Манчестер јунајтед во тренинг центарот.

Во саботата Фјури со фантастичен перформанс го победи непоразениот дотогаш Дионтеј Вајлдер и му ја зема ВБЦ титулата во тешка категорија.

Приказната за неговиот камбек од депресија до нова шампионска титула е инспиративна, па Солшер смета дека Фјури со неговиот говор може да влијае мотивационо на фудбалерите.

Тајсон Фјури е од Манчестер и тој цел живот е фан на Јунајтед, повеќе пати бил на Олд Трафорд да го бодри клубот.

Солшер неколку пати до сега канел луѓе поврзани со клубот да им одржат говор на фудбалерите.

Во октомври во тренинг центарот се појави Сер Алекс Фергусон, а по неговиот говор Манчестер јунајтед дојде до реми против Ливерпул и тоа е единствениот меч кој играчите на Клоп не го победија оваа сезона во Премиерлигата.

Во декември пред победата над Сити на Етихад говор во тренинг центарот држеше Рој Кин.

Клубот планира Тајсон Фјури да биде почесен гостин на Олд Трафорд во март за време на градското дерби и на полувремето да има посебна презентација пред фановите.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе