Стратегот е на потег

Тајна клаузула во договорот на Гвардиола, Шпанецот може да си замине од Манчестер Сити

Пеп Гвардиола би можел порано да се ослободи од договорот со Манчестер Сити кој е со важност до 2021, Дејли Мејл пишува за тајна клаузула со која Шпанецот може да замине по крајот на сезоната.

По само 16 кола од Премиерлигата, Манчестер Сити заостанува дури 14 бода зад лидерот Ливерпул, Пеп Гвардиола никогаш не бил во ваква ситуација, па често се шпекулира за неговата иднина.

Стратегот е обврзан кон „граѓаните“ до 2021 година, но според Дејли Мејл, Шпанецот може порано да се ослободи од обврските.

Весникот пишува за тајна клаузула со која Пеп Гвардиола може да замине по крајот на сезоната, односно летото во 2020. За тоа кои услови треба да се исполнат за активирање на оваа клаузула, Дејли Мејл во овој момент не открива детали.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе