Прерано згаснал млад живот

Тага во Атлетико, почина 14 годишниот Кристијан Минчола, еден од поголемите таленти во академијата

Атлетико Мадрид попладнево соопшти тажни вести, животот го загубил 14 годишниот Кристијан Минчола, еден од поперспективните фудбалери во школата.

Знамето на Атлетико ќе стои на половина копје. Ова ќе биде во чест на сите „колчонероси“ кои починале поради коронавирус, но и во чест на младиот Кристијан Минчола.

14 годишното момче, кое важело за еден од поголемите таленти во школата, починало утрово.

„Чувството на беспомошност кое се создава во вакви ситуации е ужасно. Во последниве неколку денови, ми починаа неколку блиску пријатели, дел од коронавирус, дел од други болести. Тоа што не можам да се простам со нив на начинот на кој заслужуваат, како и во случајот со Кристијан, ми го крши срцето. Кристијан имаше само 14 години. Испраќам бакнеж до неговото семејство и пријателите, и сите кои се дел од семејството наречено Атлетико Мадрид и кои страдаат. Од денеска, нашето знаме ќе биде поставено на половина ккопје во чест на Кристијан и сите „колчонероси“ кои починаа изминативе недели“ – рече генералниот извршен директор Мигел Анхел Хил Марин.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе