СВР - Тетово најави кривични пријави за навивачите на Шкендија кои влегоа на стадионот

Навивачката група „Балисти“ во текот на второто полувреме од мечот меѓу Шкендија и Шкупи влезе на стадионот и покрај забраната за присуство на публика. 

Мечот беше во прекин 20тина минути додека полицијата не ги избрка навивачите. А од СВРТ - Тетово најавија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против оние кои влегоа во стадионот.
 
„Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“ – информираат од тетовската полиција.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе