Англичанецот беше една од првите жртви на плановите на Пеп во Сити

Суровата страна на Гвардиола: Извини, но ти го немаш тоа што јас го барам од еден голман

Поранешниот голман на Манчестер Сити, Џо Харт откри детали од разговорот со Пеп Гвардиола во кој стратегот го известил дека не е дел од неговите планови и треба да си побара нов клуб.

Џо Харт со години беше прв голман на Манчестер Сити и прв голман на Англија, но работите се променија кога Пеп Гвардиола пристигна на Етихад.

Шпанецот сака голман кој знае да игра со топката, да ги започнува акциите, па не го интересираше историјата на Англичанецот со „граѓаните“ и Џо Харт беше една од првите жртви во новиот проект кој го започна клубот.

„Се вратив порано за да разговарам со Гвардиола, сакав да знам што тој има на ум и Пеп беше прилично искрен, ми рече дека не сум дел од неговите планови, дека не се вклопувам во неговите идеи. Тој знаеше многу работи за мене, што сум постигнал, како играм фудбал... разговаравме два часа и на крајот ми рече, „не гледам како ова ќе функционира““ - раскажува Џо Харт.

„Му реков, „Не се сложувам со тебе“, а тој ми одговори, „Веднаш ќе признаам дека сум погрешил, но ти го немаш тоа што јас го барам од еден голман“. Побарав да ми даде шанса, ми рече, „Секако дека ќе добиеш шанса, но...“  И кога слушнете „но“, знаете дека веќе е донесена одлука“.

„Ја сакав таа шанса да бидам трениран од еден од најдобрите во светот, но веројатно беше во право. Секако дека не знаев да играм како што тој сакаше, зошто би знаел кога никој претходно од мене не барал нешто такво, никој не ме учел да играм така? Сигурно дека не можеше да ме стави во тимот и да играм како што тој замислува“.

Тоа лето, Џо Харт беше испратен на позајмица во Торино, следната сезона ја помина на позајмица во Вест Хем за во август 2018 да биде продаден на Барнли.

Пеп Гвардиола најпрво го донесе Клаудио Браво од Барселона, а откако тој не се покажа како добро засилување, следното лето го купи Едерсон, кој се естаблираше како еден од најдобрите голмани во Премиерлигата.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе