Премиерлига

Супер лондонско дерби, во меч со пет гола Челси го победи Арсенал (ВИДЕО)

Во натпревар со многу шанси и пет гола, Челси со 3-2 го победи Арсенал во големото лондонско дерби кое овој пат ги надмина сите очекувања.

Челси и Арсенал играа отворен фудбал, и двете екипи имаа по неколку фантастични можности, а мрежите се тресеа дури пет пати.
 
Челси стартуваше фуриозно, поведе со гол на Педро уште во деветата минута, а веќе во 20. беше 2-0 кога Алваро Мората мајсторски реализираше.
 
Во тие моменти се чинеше дека Челси ќе го прегази Арсенал, но потоа следуваа минутите на гостите. Обамејанг и Мхитаријан пропуштија неверојатни шанси, но головите дојдоа.
 
Во 37. минута Мхитаријан не погреши по втор пат, овој пат од многу потешка позиција даде гол за 2-1, а само четири минути подоцна Ивоби реализираше за изедначување на 2-2.
 
Во вториот дел Челси тргна по победа, се играше повеќе пред голот на Чех, но и Арсенал повремено се закануваше.
 
Конечно во 81. минута по асистенција од Азар, Алонсо постигна гол за уште една радост на Стемфорд Бриџ и победа на Челси од 3-2.
 
Ова е втора победа за Челси, а Арсенал се уште не се радувал на три бода по првите две кола во Премиерлигата.
 

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе