Нов гол на дефанзивецот со специјална посвета

Судијата оцени дека прославата на Рамос е навредлива и му даде жолт, а причината е сосема друга! (ФОТО)

Серхио Рамос имаше специјална прослава на голот против Романија, судијата сметаше дека потегот е навредлив и му покажа жолт а дефанзивецот само сакаше со убав гест да расположи неговиот внук.

Шпанија славеше со 2-1 на гостувањето кај Романија, а првиот гол беше дело на Серхио Рамос, кој одново беше прецизен од белата точка.

Дефанзивецот за оваа прилика имаше подготвено специјална прослава, направи гест со кој покажа дека носи очила, а судијата Денис Ајтекин процени дека ова е навреда. Залудни беа обидите на Серхио Рамос да му објасни за што станува збор, и капитенот на „црвената фурија“ си доби жолт картон.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, голот и специјалната прослава всушност биле наменети за внукот на Серхио Рамос. Малото момче имало проблеми со видот и треба да носи очила но ги одбива советите на лекарите.

Во намерата да го убеди својот внук да носи очила, Серхио Рамос му ветил дека следниот гол ќе му го посвети нему и токму тоа вечерва го стори. Со оглед на тоа дека дефанзивецот не поцрвене до крајот на натпреварот, а Шпанија си замина со победа и три бода, фудбалерот на Реал Мадрид сигурно брзо ќе заборави на картонот.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе