Лига Европа

Судиите им ги „скратија“ крилата на „Росонерите“ на Емирати, Арсенал е во четвртфинале (ВИДЕО)

Арсенал со победа од 3-1 го потврди настапот помеѓу најдобрите осум во Лига Европа, но Милан има за што да жали откако судијата им подари пенал на „Топчиите" во клучен момент

Арсенал ја доби и втората пресметка со Милан, вечерва пред своите фанови со 3-1 го совлада гигантот од Милано. Но натпреварот можеше да има сосема поинаков крај доколку судијата не направеше голема грешка и му подари пенал на домашниот тим.

„Росонерите“ добро го започнаа мечот и тоа резултираше со водство од 0-1. Чалханоглу постигна еврогол од работ на шеснаесетникот во 35. минута. Сепак, крилјата на Милан за кратко време беа „скратени“. Велбек одглуми пенал, а Ериксон на совет на својот помошник крај голот покажа на белата точка. Самиот Велбек ja реализираше најстрогата казна за 1-1 во 39. минута и практично тука беше се решено.

Милан се обиде да се врати во игра на стартот од вториот дел, а откако не беа реализирани неколку полу-шанси, Џака донесе 2-1 во 71. минута од мечот. Швајцарецот биеше силно, Донарума не реагираше на потребното ниво и дозволи топката да заврши зад неговиот грб. Гостите потоа немаа премногу мотив за игра, па домаќините го искористија ова за нов гол и 3-1 преку Велбек во 86. минута. 

Покрај Арсенал, последни патници во осминафиналето се ЦСКА Москва и Салцбург. Клубот од Русија со 3-2 славеше на гостувањето кај Лион, додека пак шампионот на Австрија одолеа пред своите фанови и одигра 0-0 против Борусија Дортмунд.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе