Квалификации за СП 2022

Судбината е во наши раце, Македонија вечерва го прави последниот чекор кон баражот за СП

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот го игра последниот квалификациски меч, дуелот со Исланд кој може да ни донесе историски успех, пласман во бараж за СП. 

Фото: ФФМ
Резултатите од минатото коло ја ставија Македонија во позиција сама да решава за својата иднина, во четвртокот му се заблагодаривме на Исланд за настапот во Букурешт, но денеска треба да го победиме.
 
Македонија има поквалитетен состав, играта против Ерменија влева надеж дека денешната задача ќе завршиме без проблем, но Исланд има одлични поединци кои никако не смеат да се потценат.
 
Нашите фудбалери ќе имаат ветар во грб и од публиката, билетите се продадени, Арената „Тодор Проески“ ќе биде полна со половина од капацитетот колку што дозволуваат властите.
 
Составот се очекува да претрпи само една промена, на позицијата десен бек се враќа Стефан Ристовски, Ашковски би требало да биде прекомандуван на лево крило, а Костадинов ќе седне на клупата.
 
„Судбината е во наши раце се надеваме дека пред македонската публика ќе успееме да дојдеме до таа посакувана победа. Исланд е тука да игра фудбал, имаат одлични индивидуалци кои играат во одлични клубови, знаеме за каква репрезентација станува збор, но подготвени сме“, изјави капитенот Ристовски.
 
Селекторот Милевски вели дека не чувствуваат никаков притисок што ќе играат меч кој мора да се победи.
 
„Не чувствуваме притисок, секако дека е подобро да решаваш сам отколку да чекаш од друг. Публиката ќе ни даде ветар во грб, нејзиното присуство нема да ни создаде дополнителен притисок. Очекувам сосема поинаков натпевар против Исланд, подготвени сме, се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Со ладни глави, но со жешки срца. Ќе дадме максимум за да победиме и да одиме во бараж“, вели Милевски
 
Доколку Македонија ја оствари целта и го победи Исланд, ќе го направи најголемиот успех досега во едни квалификации.
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе