Примера

Суарез во финишот му донесе голема победа на Атлетико Мадрид, драматично коло во Шпанија (ВИДЕО)

Супер интересно претпоследно коло во Примера, по голема драма Атлетико Мадрид со 2-1 ја победи Осасуна, Реал Мадрид со 1-0 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао и остана во трка за титулата за разлика од Барселона која по ова коло ги загуби сите шанси за трофејот, тие загубија дома од Селта со 2-1. 

Денеска во ист термин се играа сите натпревари од претпоследното коло во Примера, а тоа донесе дополнителна возбудливост.
 
Малку фалеше да се промени табелата на врвот, но Атлетико Мадрид се спаси во финишот од мечот и со гол на Суарез дојде до победа која може да биде клучна за трофејот.
 
Атлетико Мадрид имаше многу шанси за гол, но во 76. минута се случи шок на „Ванда Метрополитано“, Будимир погоди за водство на Осасуна од 1-0. Сега на домаќините им требаа два гола.
 
Во 82. минута Лоди го изедначи резултатот на 1-1, а Суарез во 88. минута постигна гол за пресврт и победа на Атлетико Мадрид од 2-1.
 
Реал Мадрид со гол на Начо во 68. минута победи на гостувањето кај Атлетик Билбао и до последното коло ќе се надева на трофејот.
 
Барселона со победите на Атлетико и Реал ги загуби сите шанси за трофејот, но и тие самите беа поразени денеска од Селта.
 
Меси го отвори мечот, но со два гола на Мина, Селта направи комплетен пресврт и дојде до триумф од 2-1 на Камп Ноу.
 
Во последното коло Атлетико Мадрид му гостува на Ваљадолид кој се бори за опстанок, а Реал Мадрид го пречекува Виљареал.
 
Атлетико Мадрид е прв со 83 бодови, Реал Мадрид има 81. Во случај на ист број бодови кралскиот клуб ќе ја освои титулата. Тоа значи дека тимот на Симеоне ќе мора да го совлада Ваљадолид ако кралевите бидат подобри од Виљареал, бод на Атлетико нема да му биде доволен.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе