Уругваецот следи што се случува во Барса

Суарез секој ден разговара со Меси, може и да падне опклада помеѓу двајцата пријатели

Луис Суарез вели дека често разговара со Лео Меси, но се уште немаат ставено опклада за тоа кој ќе биде најдобар стрелец во Ла Лига, сепак може да падне договор во финишот од сезоната.

Луис Суарез минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во Атлетико Мадрид. Напаѓачот има одлична сезона со 19 погодоци зад своето име и помогна „колчонероси“ во моментов да се на првото место на табелата но до крајот на сезоната ќе има пеколна битка за титулата откако Барса и Реал фатија приклучок.

Запрашан дали ги следи натпреварите на Барселона и што прави неговиот добар пријтел Лео Меси, Уругваецот вели: „Да, ги следам бидејќи обожавам да гледам фудбал. Се слушам со Лео Меси речиси секој ден, понекогаш разговараме за некој конкретен натпревар“.

Аргентинецот во моментов е прв стрелец во Ла Лига со 23 погодока, па Луис Суарез беше запрашан дали има опклада помеѓу двајцата добри пријатели за Пичичи трофејот.

„Во моментов не, но како што ќе се ближи крајот на сезоната, може да направиме некоја опклада“.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе