Напаѓачот имаше емотивна разделба

Суарез не можеше да ги задржи солзите: И благодарам на Барса за довербата која ми ја укажа по грешката која ја направив

Луис Суарез имаше емотивна разделба со Барселона, напаѓачот се расплаче веднаш штом го зеде микрофонот и со солзи во очите се заблагодари за довербата укажана и шансата да заигра за еден од најголемите клубови.

Откако синоќа беше потврден трансферот на Луис Суарез во Атлетико Мадрид (за 6 милиони евра во бонуси), играчот попладнево се појави заедно со претседателот Жозеп Мариа Бартомеу за да каже збогум.

Веднаш штом го доби микрофонот, Уругваецот се расплаче, а потоа со солзи во очите се заблагодари за довербата. „Каталонците“ за него во 2014 платија преку 80 милиони и покрај тоа што Луис Суанрез направи инцидентот на Светското првенство, кога го гризна Џорџо Кјелини и беше суспендиран на четири месеци.

„Немам ништо подготвено, не го очекував ова, не знам што да кажам, тешко ми е. Најпрво сакам да се заблагодарам на клубот за укажаната доверба по грешката која ја направив. Секогаш ќе бидам благодарен за третманот кој го добив“ – вели напаѓачот.

„Дојдов да го исполнам сонот, да играм за најдобриот тим во светот. Горд сум на се што сторив. Стекнав многу пријатели, па затоа сум среќен. Вчера се збогував со сите во клубот, имаше многу емоции, што е сосема нормално“.

„Сакам да му се заблагодарам и на моето семејство, кое беше покрај мене, ги искуси убавите, но и лошите моменти и ми давше поддршка. Среќен сум што моите деце ме гледаа како постигнувам голови и играм покрај најдобриот играч во историјата“.

„Сакам да им се заблагодарам и на фановите кои секогаш ми даваа поддршка, никогаш нема да ги заборавам. На крај, сакам да им се заблагодарам и на луѓето од персоналот со кои соработував секој ден“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе