Суарез го разочара Венгер: Останувам во Ливерпул до крајот на сезоната!

Уругвајската ѕвезда Луис Суарез, напаѓачот на Ливерпул, кој синоќа беше во фокусот на вниманието со своите четири гола против Норич го разочара францускиот стартег на Арсенал, Арсен Венгер откако објави дека не планира да замине од „Енфилд роуд“ зимава.

 

Англиските медиуми деновиве најавија дека Арсенал имаат многу пари за да му овозможат на Венгер во јануари уште повеќе да го засили тимот во битката за шампионската круна, откако „топчиите“ моментно се лидери на табелата. Дури беше најавено дека Венгер „би дал и 100 милиони“ само да го убедли Ливепул да се откаже од Суарез и да им го продаде Уругваецот.

Но, Венгер денеска доби разочарувачка вест од Суарез.

„Среќен сум на теренот и тука се чувствувам како дома. Премиерлигата е најсилниот шампионат на светот. Среќен сум во Ливерпул и ќе останам до крајот на сезоната“, рече Суарез. „Долго време сме без ЛШ и годинава приоритет е да бидеме меѓу најдобрите четири и в година да играме во елитата во Европа“, рече Суарез.

Покрај Арсенал, за уругваецот интерес покажа летоска и Реал Мадрид, но без конкретна понуда да го ангажира, иако шпанските медиуми и во последниот месец шпекулираат дека „кралевите“ ќе се обидат да го ангажираат уругвајскиот напаѓач на „Сантијаго Бернабе“.
За него Ливерпул летоска одби две понуди од 30 и 40 милиони фунти од Арсенал.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе