Примера

Суарез го носи Атлетико Мадрид кон титулата, два негови гола за пресврт и нови три бода (ВИДЕО)

Луис Суарез е херојот на Атлетико Мадрид, со два негови гола тие направија пресврт на гостувањето кај Еибар и дојдоа до три бода со кои се одлепија на врвот на табелата во Примера. 

Атлетико Мадрид го продолжува маршот кон титулата во шпанското првенство, овој пат ги освоија трите бода од гостувањето кај Еибар со погодок пред самиот крај на мечот.
 
Домаќините поведоа во 12. минута со гол од пенал кој изненадувачки го реализираше голманот Дмитровиќ.
 
На пет минути до крајот на првото полувреме Луис Суарез постигна гол и го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 89. минута Суарез со паненка од пенал погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1. И прекршокот за најстрога казна беше направен врз него.
 
 
Со овие три бода Атлетико Мадрид има дури седум бода повеќе од Реал Мадрид, а десет повеќе од Барселона и меч помалку од двата гиганти.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе