Примера

Суарез двапати погоди, но Селта ја прекина победничката серија на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Селта одиграа 2-2, Луис Суарез запиша два нови гола, но тие не беа доволни за три бода, гостите во 90. минута се спасија од пораз и ја прекинаа серијата од осум победи по ред на тимот на Диего Симеоне. 

Луис Суарез игра фантастична сезона и е еден од најзаслужните за одличните игри на Атлетико Мадрид, но овој пат неговите погодоци не донесоа победа.
 
Селта поведе во 13. минута со гол на Мина, а пред самиот крај на првото полувреме Суарез го изедначи резултатот на 1-1.
 
По пет минути игра во второто полувреме, Суарез постигна нов гол, овој пат за комплетен пресврт и водство на Атлетико Мадрид од 2-1.
 
Но во 90. минута Ферејра реализираше за израмнување на 2-2. Атлетико Мадрид немаше време за нов гол.
 
Сепак и покрај ремито, предноста на Атлетико Мадрид на врвот е голема, тие имаат по осум бода повеќе од Барселона и Реал Мадрид и натпревар помалку.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе